Усвоен документ за стабилизација на состојбата во Украина

Женева, 17 април 2014 (МИА) - На четиристраната средба во Женева, посветена на украинската криза, на која учествуваат шефовите на дипломатиите на САД, Европската унија, Русија и Украина, беше усвоен документ за стабилизација на состојбата во земјата, изјави вечерва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој прецизираше дека усвоениот документ предвидува разоружување на сите илегални вооружени формации и ослободување на сите противзаконски окупирани административни згради во Украина.

Според договореното, ќе бидат амнестирани сите демонстранти, со исклучок на оние, кои извршиле тежок криминал.

Документот содржи апел за широк национален дијалог во Украина, кој ќе ги вклучи сите групи од општеството и ќе биде транспарентен и одговорен, додаде Лавров.

Тој, исто така, изрази поддршка и за мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за воспоставување дијалог во Украина.

- Русија ќе го поддржи ОБСЕ при извршувањето на таа задача, рече Лавров.

Тој додаде дека учесниците на четиристраните преговори во Женева се договориле да ги продолжат средбите во различни формати.

Лавров нагласи дека САД и ЕУ пројавиле искрен интерес за одржување средби со Руската Федерација посветени на Украина.

- Русија нема намера да испраќа војници во Украина, нагласи Лавров и додаде дека тоа би било противречно на темелните интереси на Москва.

Рускиот министер за надворешни работи исто така вети дека Украина нема да го зголемува бројот на вооружените сили во Крим.

- Украинските војници се мобилизирани со незаконски наредби за да ги задушат проруските протести во источните региони, предупреди Лавров и ја осуди како апсолутно неприфалтива денеска воведената забрана за влез во Украина на сите руски граѓани од машки пол на возраст меѓу 16 и 60 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...