Русија нема да испрати војска во источна Украина

Отава, 6 мај 2014 (МИА) - Руската војска нема да навлезе во источна Украина, смета највисокиот воен претставник на НАТО, генерал Филип Бридлав.

Командантот на силите на Алијансата во Европа ваквиот став го образложува со фактот дека Русија може да ги постигне своите цели во соседната земја со други средства.

Американскиот генерал, на конференцијата за прашањата на одбраната во канадската престолнина Отава, пред присутните изјави дека до пред само една недела сметал оти веројатниот воен одговор на Руската Федерација ќе биде да испрати војска во јужна Украина, за да ја утврди копнената врска со Полуостровот Крим, што Руската Федерација го анектира во март, пред евентуално да продолжи кон црноморското пристаниште Одеса.

- Денеска, меѓутоа, ќе Ви кажам дека не мислам оти тоа е најверојатното сценарио... Сега сметам дека рускиот претседател Владимир Путин е способен своите цели во источна Украина да ги постигне и ако никогаш не ја мине границата со своите сили, изјави командантот на силите на НАТО во Европа.

Генерал Бридлав прогнозира дека најверојатното сценарио, според него, е Путин „да продолжи да го прави тоа што го прави во моментов: да ги дискредитира новите украински прозападни власти и да предизвикува тензии, обидувајќи се да ја подготви сцената за сепаратистичко движење“ со цел на Москва да и се гарантира ставањето рака врз источна Украина.

Русија во источна Украина испрати специјални единици кои ги поттикнуваат немирите, тврди највисокиот воен претставник на НАТО.  Тој, истовремено, не сакаше да претпоставува дали овие специјални сили ги гаѓаат со ракети украинските воени хеликоптери.

Проруските сепаратисти во источниот дел на земјата само во последната недела урнаа најмалку три украински армиски хеликоптери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...