Хронологија на кризата во Украина

Киев, 5 мај 2014 (МИА) - Бројот на жртви во борбите меѓу вооружени проруски сепаратисти и украинските безбедносни сили во југоисточна Украина се зголемува, а тензиите меѓу Русија и западните сили се продлабочуваат на нивото од Студената војна.

Следи кратка хронологија на политичката криза во Украина. Од падот на украинската Влада и протерувањето од земјата на претседателот Виктор Јанукович, до руската анексија на полуостровот Крим и зголемените тензии во југоисточна Украина.

2013

21 ноември - Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците откако кабинетот на претседателот Виктор Јанукович објави дека се откажува од склучување договор за асоцијација со ЕУ и најави поблиска соработка со Москва.

30 ноември - Полицијата спроведе акција за растурање на протестите, во која беа приведени 35 лица. Сепак, протестите продолжуваат, по што на 1 декември околу 300.000 лица излегоа на најголемите протести во Киев од Портокаловата револуција во 2004 година.

17 декември - Владимир Путин најави дека Русија ќе купи украински владини обврзници во вредност од 15 милијарди долари и ќе ги преполови цените на рускиот гас за земјата. Договорот не предвидува Украина да се вклучи на Руската трговска заедница.

2014

22 јануари  - Први жртви на протестите. Двајца демонстранти се убиени од боева муниција, а друг го загуби животот во судири меѓу полицијата и демонстрантите.

28 јануари - Украинскиот премиер поднесе оставка, а Парламентот го поништ строгиот закон со кој се ограничуваат протестите. Владини отстапки за опозицијата со цел за политичко решение на кризата.

16 февруари - Опозициски активисти се повлекуваат од окупираните владини згради во центарот на Киев во замена за ослободување на сите 234 уапсени демонстранти во протестите. Сигнал за можно мирно решение на кризата

18 февруари - Крвави улични протести во центарот на Киев во кои најмалку 25 демонстранти и полицајци се убиени, а илјадници повредени.

22 февруари - Парламентот гласаше за смена од претседателската функција на Виктор Јанукович и распиша избори за 25 мај.

23 - 26 февруари - Украинската Врховна рада го именува Олександар Турчинов за вршител на должноста претседател на Укрина.

1 март - Рускиот Парламент го одобри барањето на Владимир Путин за употреба на сила во Украина за заштита на руските интереси.

2 март - Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Русија ефективно и прогласила војна на Украина. САД објавија дека Русија го контролира Крим.

4 март - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вооружените сили на Крим не се руски војници, туку локални сили за самоодбрана.

6 март - Парламентот на Крим гласаше за пристапување кон Русија и најави референдум за 16 март.

7 март - Русија најави поддршка за Крим доколку регионот гласа за независност од Украина. Руската државна компанија „Газпром“ го предупреди Киев на можен прекин на испораката на гас.

8 март - САД и Франција предупредија за нови мерки против Русија, доколку не ги повлече своите сили од Украина. Предупредувачки оган врз меѓународни набљудувачи, што се обиделе да влезат на Крим.

11 март - Европската комисија и понуди трговски олеснувања на Украина во вредност од 500 милиони евра. Украинските пратеници бараат ЕУ и САД да ги искористат сите мерки, вклучително и воени, за прекин на руската агресија.

12 март - Американскиот претседател Барак Обама се заложи за поддршка на Украина за време на посетата на премиерот Арсениј Јацењук на Белата куќа. 

13 март - Украинскиот парламент гласаше за создавање на Национална гарда за одбрана на земјата со 60.000 членови.

15 март - Русија става вето на предлог-резолуцијата во ОН за осуда на референдумот за отцепување на Крим.

16 март - Официјалните резултати од референдумот во Крим покажуваат дека 97 проценти од гласачите се за приклучување кон Русија.

17 март - ЕУ и САД воведуваат санкции кон листа руски и украински официјални лица одговорни за референдумот во Крим.

18 март - Рускиот претседател Владими Путин го потпишува законот за приклучување на полуостровот Крим кон Руската федерација.

20 март - ЕУ ја осуди руската анексија на Крим и ги зајакна санкциите кон Русија.

24 март - Украинските војници се повлекуваат од Крим, по наредба на вршителот на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов.

28 март - Знаци за трупање на руски сили на границата со Украина. Американскиот претседател Барак Обама повика Москва да ги повлече војниците и за смирување на тензиите.

31 март - Рускиот претседател Владимир Путин нареди делумно повлекување на руските војници од границата со Украина. Рускиот премиер Дмитриј Медведев е првиот висок функционер во официјална посета на Крим.

1 април - Министрите за надворешни работи на НАТО ја суспендираат сета цивилна и воена соработка со Русија.

7 април - Демонстранти ги заземаа владините згради во источните украински градови Доњецк, Луганск и Харков, барајќи референдум за независност.

10 април - Рускиот претседател Владимир Путин се закани со можен прекин на доставата на руски гас за Украина, доколку Киев не го подмири својот долг.

11 април - Украинскиот премиер Арсениј Јацењук нуди пренесување на поголеми овластувања на источните региони, додека проруската окупација на Доњецк и Луганск продлжува.

12 април - Проруски демонстранти упаѓаат и заземаат повеќе владини и полициски згради во неколку градови во Источна Украина.

15 април - Вршителот на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов објави почеток на антитерористичка операција против проруските сепаратисти.

16 април - Антитреористичка операција на украинските сили во Краматорск. Судири и тензии меѓу цивили и полиција во соседните села.

17 април - Русија, Украина, САД и ЕУ објавија дека е постигнат договор во Женова за деескалирање на кризата во Источна Укрина.

20 април - Три лица се убиени во напад на проруски контролен пункт во близина на Славјанск. Русија ги обвинува украинските националисти за нападот.

21 април - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини киевските власти за прекршување на Женевскиот договор за смирување на украинската криза. Киев ја обвини Москва за предизвикување тензии во источниот дел на Украина.

22 април - Вршителот на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов најави воена операција против проруските сепаратисти во југоисточниот дел на земјата.

25 април - Осум меѓународни воени набљудувачи на ОБСЕ се киднапирани од проруски сепаратисти во близина на Славјанск под обвинение за шпионажа.

1 мај - Вршителот на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов предупреди дека Украина се наоѓа во полна борбена готовност, додека проруски групи ја заземаат зградата на регионалниот обвинител во Доњецк.

2 мај - Судири и пожар меѓу проруски и антируски групи во црноморскиот украински град Одеса во кои загинаа 42 лица. Голем број убиени, повредени и уапсени во операции на украинските сили во источниот град Славјанск. Проруски бунтовници соборуваат два украински хеликоптери.

3 мај - Ослободени воените набљудувачи на ОБСЕ, кои беа киднапирани од вооружени проруски сили во Славјанск.

4 мај - Проруски демонстранти вршат упад во полициска станица во Одеса, принудувајќи да бидат ослободени лицата уапсени за време на претходните протести.

5 мај - Над 20 загинати во интензивни борби меѓу украинските сили и проруски сепаратисти во Славјанск, во источниот дел на Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...