Европарламентот и украинската Рада симултано го

Изгласан ССА меѓу ЕУ и Украина

Стразбур, 16 септември 2014 (МИА) - Европскиот парламент во директна сателитска врска со украинската Врховна Рада, симултано го изгласаа договорот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Украина, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

За договорот, со номинално гласање од 697 европратеници присутни на гласањето, 535 гласаа ЗА, 127 беа против и 35 воздржани. Веднаш по гласањето украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша Договорот, исто како и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Пред гласањето Мартин Шулц нагласи дека никогаш немало симултано гласање во два парламенти  „за што можеме да бидеме горди“ – рече тој. 

Претходно во воведниот говор, Мартин Шулц нагласи дека станува збор за „историски момент бидејќи два парламенти истовремено ќе гласаат за ист договор, што е израз на слободна демократија, спротивна на диригираната демократија“, пропратен со долг аплауз.

Претседателот на Европскиот парламент притоа се запраша „кој можеше да предвиди дека ќе се менуваат границите со сила, дека ќе се нарушува европската архитектура на безбедност“ – притоа, додавајќи дека „ЕП отсекогаш го бранела територијалниот интегритет на Украина и дека секогаш делува во таа насока“, зацртувајќи ги притоа контурите каква Украина посакува Европскиот парламент и ЕУ.

Украинскиот претседател Петро Порошенко од Киев се заблагодари за поддршката што и беше пружена на Украина.

Тој ја спореди ситуацијата која денеска ја доживува со таа од  1991 - кога Украина се стекна со независноста.

„Кој е подготвен да умре за Европа – тоа е прашањето кое се поставува денес, бидејќи можеби нормално е да се умира за својата држава, но не и за  Европа. Првите стотина Украинци (по настаните на Мајдан) не беа мртви само за нивната земја, туку и за нивното место во Европа“ – нагласи украинскиот претседател,

Притоа тој нагласи дека ниту една  нација не ја плати таа цена за да биде европска држава, поради што и не гледа кој ќе и се спротивстави на Украина за  нејзиното место во Европа.

Порошенко пред украинската Рада и ЕП нагласи  дека „Не подлегнуваат на уцени и дека ниту една запирка, ниту еден збор од договорот нема да биде изменет“ и воедно најави дека тој ќе побара спроведување на договорот од страна на украинската влада уште од утре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...