Лубиц на интернет барал информации за самоубиства

Париз, 2 февруари 2015 (МИА) - Копилотот на „Ербасот“ на авиокомпанијата „Џерман вингс“, што пред десетина дена се урна на француските Алпи, Андреас Лубиц, преку интернет разгледувал методи за извршување самоубиства и ги анализирал безбедносните системи на блиндираните врати на пилотските кабини, соопштија денеска извори од Јавното обвинителство во германскиот град Дизелдорф. 

Според Обвинителството, Лубиц ги вршел овие пребарувања на интернет неколку дена пред несреќата на авионот, кој се урна на 24 март.

Обвинителството дошло до ваквите сознанија преку анализа на лаптопот што бил запленет од станот на Лубиц.

Истражителите успеале да откријат што пребарувал Лубиц на интернет во периодот меѓу 16 и 23 март.

По првичната истрага, истражните органи дојдоа до заклучок дека 27-годишниот Лубиц намерно сам се заклучил во пилотската кабина со цел да го урне авионот на „Џерман вингс“.

Претходно денеска, јавниот обвинител од Марсеј соопшти дека истражните органи ја пронашле и втората црна кутија од „Ербасот“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, на оваа кутија се снимени параметрите на летот, кои треба да бидат анализирани и да ги комплементираат информациите од првата црна кутија, што беше пронајдена веднаш по катастрофата.

При несреќата на авионот загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...