Викендов сончево, од понеделник пад на температурата

Скопје, 18 септември 2015 (МИА) – Сончево и топло време се очекува викендот, а од понеделник, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени.


Времето утре во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од  11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер и со максимална температура до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Северните делови од земјата и утре ќе бидат во жолта фаза од метео-алармот во однос на високите температури.

Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен и проследени со ретки грмежи.

Во понеделник ќе има значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...