Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на Груевски

 Претседателот Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател.

Рокот кога претседателот Иванов требаше да го довери мандатот за формирање влада на кандидат на партијата, односно партиите што освоија најголем број мандати на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, беше до денеска.

Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса - 5, Алијанса на Албанците - 3 и ДПА - 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Претседателот Иванов викендов одговарајќи на новинарско прашање кога и на која партија ќе и го додели мандатот за формирање влада со оглед на тоа што тече рокот, рече дека ќе постапи како што е наведено во Уставот.
Премиерот за спроведење на изборите Емил Димитриев, пак, на новинарско прашање за тоа дали очекува да биде запазен крајниот рок за доделување на мандатот, рече дека очекува целата процедура да биде во утврдените рокови согласно законите.

ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, на 7 јануари ја објавија заедничката платформа која ќе биде нивна основа во преговорите за создавање на нова влада. Заедничката политичка агенда на трите партии предвидува целосна јазична еднаквост, односно употреба на албанскиот како официјален јазик, економска рамноправност, решавање на спорот за името со вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, како и брза интеграција во НАТО и во Европската Унија.

Лиде­рот на ВМРО-ДПМНЕ Ни­ко­ла Гру­ев­ски во денешното интервју за „Дневник“ вели дека ќе се обиде да сос­та­ви вла­да, но не по се­ко­ја це­на. - Ако се оди по до­се­гаш­ни­те ус­та­но­ве­ни прин­ци­пи во Ма­ке­до­ни­ја, би тре­ба­ло да сос­та­вам вла­да. Ако се пре­кр­шат, се е мож­но, ве­ли Гру­ев­ски, по по­вод плат­фор­ма­та што ја об­ја­ви­ја ал­бан­ски­те пар­тии од Ма­ке­до­ни­ја, а чие ис­пол­ну­ва­ње е ус­лов за тие да ко­а­ли­ра­ат со ед­на од две­те ма­ке­дон­ски пар­тии во ид­на­та вла­да.
Во случај ДУИ да одлучи да коалицира со вто­ра­та на­мес­то со пр­ва­та пар­ти­ја, со по­ра­зе­ни­от на­мес­то со по­бед­ни­кот, Груевски вели дека тоа ќе зна­чи ут­вр­ду­ва­ње на ед­на но­ва прак­ти­ка и тра­ди­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја на ко­ја, како што вели, „ние се­ка­ко ќе се прис­по­со­би­ме, не са­мо се­га, ту­ку и во ид­ни­на“.

- Ако ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја би­де изиг­ра­на од ДУИ, не­за­вис­но кои ќе би­дат при­чи­ни­те за тоа, би­де­те убе­де­ни де­ка нас­ко­ро ВМРО-ДПМНЕ ќе се вра­ти на го­ле­ма вра­та во вла­да­та и тоа нај­мал­ку два ман­да­та по ред. И ќе би­де­ме без как­ва би­ло об­вр­ска при сос­та­ву­ва­ње­то на вла­да­та, истакнува Груевски во интервјуто за „Дневник“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...