„Сеќавања и желби“ од Лиса Апињанези објавена на македонски

Скопје, 13 февруари 2017 (МИА) - Романот „Сеќавања и желби“ од британската писателка Лиса Апињанези, извонредно испреплетена сага од страст и скршени срца, го објави издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, во превод на македонски на Калина Јанева.
Книгата, како што наведува издавачот, ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за нејзиниот живот од испреплетени вистини и лаги и за скандалозните постапки што ќе остават последици врз повеќе генерации на два континента.
- Ликовите од високите и интелектуални сталежи, драматичниот и страстен набој, како и многубројните уметнички, книжевни и историски референции го прават ова дело совршено четиво за обожавателите на љубовни романи, се посочува за ромамот.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Лиса Апињанези (родена 1946) е британска писателка и борец за слобода на говорот. По потекло е од Полска. Израснала во Франција и во Канада. Докторирала компаративна книжевност во Обединетото Кралство. Авторка е на голем број романи и стручни книги и текстови. Претседавач е на Кралското книжевно друштво и поранешна претседателка на англискиот ПЕН. Во 1987 година го одбива францускиот орден „Витез од редот на уметностите и книжевноста“. Во 2013 година го добива Орденот на Британската Империја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...