СДСМ: Проблемот со депонијата во Струга интензивно се решава

Скопје, 16 јуни 2017 (МИА) - СДСМ денеска соопшти дека проблемот со депонијата во Струга интензивно се решава со сета расположива механизација по што ќе следува затрупување и нејзино целосно расчистување.

- Пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши долгогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ единаесет години не направи ништо, вели СДСМ во соопштението.

Според СДСМ, лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да бара решение за проблемот откако новата Влада формирала комисија чиишто задолженија интензивно се спроведуваат на терен и се преземаат мерки за гаснење на пожарот и решавање на проблемот.

- Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени прикажува лажна загриженост за проблемите на граѓаните, барајќи итни мерки дури откако тие веќе се спроведуваат, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...