Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Скопје, 23 јуни 2017 (МИА) - Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 36 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Мaксималните температури ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во сабота и во понеделник.

Поради топлотниот бран Министерство за здравство (МЗ) препорачува избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци.

МЗ посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

- Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови, наведува Министерството.

Повеќе информации и препораки за заштита од топлотен бран континуирано се дистрибуираат на HYPERLINK "http://www.toplotnibranovi.mk/" www.toplotnibranovi.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...