СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаматено по негрижата кон културното наследство

Скопје, 29 јуни 2017 (МИА) - СДСМ соопшти дека 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по неодговорност и негрижа за културното и историско наследство на Македонија.

- Состојбата со Музејот на Македонија кој е целосно запуштен и руиниран со срушени плафони и мувлосани ѕидови, каде што над 120 вредни икони се чувале во крајно несоодветни услови е само еден од доказите за незаинтересираноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на културното наследство, соопшти СДСМ.

Според партијата, долгогодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за вистинското културно наследство резултирала со огормни штети врз најзначајните културно-историски градби. Како алармантно загрозени поради изградба на нови градби или запуштени од негрижа СДСМ ги посочува археолошките остатоци на Плаошник, античкиот локалитет Хераклеа, скопскиот аквадукт, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Курбиново, Скопското кале, локалитетот „Скупи“.

- Додека вистинското историско и културно наследство беше занемарувано и оставено да скапува и да се распаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на сомнителни тендери за градење лажен барок, скапи споменици и „новокомпонирани“ културни наследства како Порта Македонија и Музејот на ВМРО за кои се потрошија над 23 милиони евра пари на граѓаните.

Со таквиот однос кон културното и историското наследство, ВМРО-ДПМНЕ ги погази идентитетот, националните и државните интереси, наведува СДСМ, додавајќи дека новата Влада што тие ја предводат ќе работи на санирање на штетите направени од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...