Почнуваме процес на департизација и професионализација на институциите

Скопје, 29 јуни 2017 (МИА) - Граѓаните 11 години сведочеа што значи целосна партизација на државните институции, каде што од најнизок па до највисок ешалон беа вработувани лица кои од потребните критериуми поседуваа единствено партиска подобност, соопшти СДСМ реагирајќи на обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека се назначуваат директори на институции без почитување на законите.

- ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани обвинувања со денови создава заблуда кај јавноста, бидејќи станува збор за привремени решенија, односно назначување вршители на должност. Конечните решенија, без разлика за кои личности ќе се работи, ќе бидат според потребните квалификации во согласност со Законот за државни службеници.

СДСМ, преку Владата што ја предводи, започнува процес на департизација и професионализација на институциите. Државните институции ќе работат ефикасно, професионално и во интерес на граѓаните, за никогаш повеќе да не се повтори министерствата да функционираат како партиски штабови, а Македонија да биде квалификувана како заробена држава, како што тоа беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, наведува СДСМ во реакцијата.

Партијата додава дека за време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се случило целосно поклопување на државата, а меѓу најочигледните примери за тоа, како што наведува, била партизацијата на Министерството за внатрешни работи.

- Според признание на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, ВМРО-ДПМНЕ го претвори во ВМРО-МВРО, пишува во реакцијата на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...