Димитров: ЕУ има одговорност да ја потврди европската иднина на Македонија

Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа да го возобнови политичкото внимание на Балканот. ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со министрите за надворешни прашања на земјите од ЕУ во Брисел.

Постоењето на магичната фраза - политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели, потенцира министерот Димитров, се клучни за запечатување на европската иднина на Македонија.

- Ние имаме втора шанса да успееме, а нашите пријатели од Брисел имаат шанса да ги убедат скептиците во успешноста на пристапниот процес, рече Димитров.

Работниот појадок во неформалем формат - Пријатели на Македонија е во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Шведска, а покрај Димитров на средбата учествуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Информирајќи за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, како и за плановите на Владата и очекувањата во наредниот период, Димитров и Османи ја истакнаа потребата за поддршка од страна на земјите-членки и институциите на ЕУ за постигнување на долгоочекуваната цел - што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Дискусиите на работниот појадок, како што соопштија од МНР, биле фокусирани на перспективите на Република Македонија во контекст на отпочнувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, како и заложбите на Владата за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите и унапредувањето на добрососедските односи.

Димитров и Османи изразија благодарност на домаќините за организирање на состанокот, со кој, како што се соочиле, се овозможува директно информирање на земјите-членки за внатрешниот развој на настани во Македонија, пет месеци по формирањето на Владата.

Како клучни моменти од суштинско значење за Македонија во претстојниот период биле подвлечени објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер за ЕУ перспективите на Западен Балкан која треба да биде објавена во февруари 2018 година, Извештајот на ЕК за напредокот во април 2018 и Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018 година.

На работниот појадок присуствуваа комесарот Хан и сите земји членки, од кои 13 на ниво на министри за надворешни работи.

Во рамки на посетата на Брисел, денеска министерот Димитров ќе има и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Португалија и на Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...