Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа

Тивкото мнозинство одлучи, реалност е дека референдумот не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста.

- Не се обидувајте да ја измените оваа реалност, не ја потценувајте суверената волја на македонскиот народ. 36,9 отсто излезеност не е волја на народот, туку 63,1 отсто кои не излегоа. Реалност е дека референдумот не е успешен.

Време е за одговорност. Поддршката за ЕУ и НАТО од над 80 отсто ја сведовте на само 36,9 отсто. Ги манипулирате и нашите граѓани и нашите европски и евроатлантски партнери. Им пласирате лажни перцепции, рече Иванов.
Референдумот не е анкета, истакна Иванов и додаде дека одлуката на граѓаните обврзува.

- На референдумот вие граѓаните непосредно ја остварувате вашата суверена власт. Собранието таа одлука мора да ја почитува, рече Иванов.

Додаде дека само цврсто сплотени околу „нашите државни интереси, почитувајќи го уставниот и правниот поредок може да го изодиме патот до европското и евроатлатското семејство“.

- Немаме дилеми дека местото на Република Македонија е во ЕУ и НАТО. Но, таму треба да влеземе со нашето човечко достоинство, без уцени, притисоци и двојни стандарди. Само така ќе можеме да се справиме со двата големи предизвика, рече тој.

Првиот, додаде се сериозни и темелни реформи во сите сегменти, а вториот одново да постигне национален консензус „за да можеме со еден глас и сплотени да настапуваме во бранењето на нашите државни интереси и остварувањето на нашите стратешки цели“.

Истакна дека очекува од ОБСЕ-ОДИХР сериозно да ги земе предвид приговорите околу нерегулартности на некои избирачки места.
Повика, како што рече, владејачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешниот референдум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...