Првпат Џафери седницата на парламентот ја води на албански јазик

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска седницата прв пат во историјата на работата на законодавното тело ја почна на албански јазик, на што веднаш реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Според Мицевски со ваквото однесување на собранискиот спикер се крши Деловникот на законодавното тело.

-Вие континуирано го кршите Уставот, законите, Деловникот. Во Деловникот во член три стои дека во работата на Собранието службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, рече тој и додаде дека најпрво треба да се смени Деловникот, за да може Собранието непречено да работи и да не го крши истиот.

-Немам ништо против некој да зборува на својот јазик, но на ваков начин со кршење на Деловникот, законите, Уставот одиме во погрешна насока, како и што досега повеќе пати се случи откако дојде оваа власт, нагласи тој.

Џафери напомена дека Законот за употреба на јазиците е донесен, тој е во сила и додаде дека тој имал трпение од една година од јануари 2018 до јануари оваа година и чекал на претседателот на државата да го потпише Законот и да сфати дека не може да го спречи парламентот и волјата на мнозинството.

-Секоја работа има свој почеток и свој тек и ние како институција имаме обврска да ги направиме сите подготовки, вашите забелешки не се основани, му порача Џафери на Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во обраќањето од собраниската говорница нагласи дека концептот на оваа Влада, на ова парламентарно мнозинство, е изградба на едно општество за сите, а јазикот, како еден од столбовите на тоа општество, е за да се разбереме.

-За нас како пратеници од владејачкото мнозинство многу е поважно што ќе зборуваме, да носиме закони во интерес на граѓаните на РМ, рече тој.

Џафери продолжи да ја води 82. седница на албански јазик. Седницата е посветена на пратенички прашања, а за нив се пријавиле над дваесет пратеници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?

- Веројатно комарец!
- Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
- Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по...
1752.- Умре Александар Скарлати, италијански...
1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го...