Филипче негира дека ќе има разрешувања на раководители во болниците

Министерот за здравство Венко Филипче денеска негира дека следуваат разрешувања на раководни лица на болници по оставката на директорката на Детската клиника, Катерина Ставриќ.



-Не станува збор дека следува некакво разрешување. И во текот на вчерашниот ден изјавив дека имаме континуирана, одлична комуникација со сите директори поставени во јавно здравствените институции. Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка уште пред неколку месеци, кога беше во тек изборниот процес. Тогаш имавме разговор, се согласи да остане до завршување на изборите за да можеме ние да ги правиме тие промени, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по положувањето цвеќе и по молебенот на УКИМ.

Тој информира дека немаат селектирано човек со кого ќе разговараат за да ја замени Ставриќ.

-Тоа ќе следи во периодот откако до крајот на неделава уште еднаш ќе се сретнам со директорката. Сакам да разговарам, да видам кои се причините што ја натерале да даде оставка, дали може да се надминат, дали би сакала да остане, бидејќи сепак помина одредено време. Тогаш кога ја поднесе оставката кажа дека станува збор за лични причини, појасни Филипче.

Владина делегација предводена од министерот за здравство Венко Филипче во чиј состав беа и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и државниот секретар за образование и наука Енвер Хусеин денеска положија цвеќе и присуствуваа на молебенот во чест на Светите Кирил и Методиј што се одржа на Универзитетскиот кампус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...