Мицкоски: За правдата не планирам компромис, нема ново Пржино

Скопје, 4 септември 2019 (МИА) – Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео порака на Фејсбук, осврнувајќи се на преговорите за законот за Јавно обвинителство, порачува дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која и порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто“.

– Еднаш Заев ќе се пофали дека имал две третини за обвинителството, па кога ќе види дека нема тогаш министерката ќе каже дека еве ќе го менуваме советот зајавни обвинители зошто таму не ни требаат две третини. Но сами си ги кажуваат задните намери кои имаат две цели: Првата е политичка – да се пресметаат преку инсталациите во Обвинителството со политичките неистомисленици. Втората е да го заштитат криминалот којшто ќе го стават зад себе, а обвинителскиот систем да им биде слуга. Тоа така не може, и тоа така нема да помине, истакнува Мицковски.

И ако се надеваат на некакво ново Пржино, дополнува, на некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто, надополнето со по некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. – Затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како негов претседател вам и на сите низ Македонија ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис, вели Мицковски.лв/са/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...