Од понеделник отворени денови на Централниот регистар

Централниот регистар од понеделник почнува со отворени денови со граѓаните кои ќе траат до 4 октомври. Целта е услугите што ги нуди Централниот регистар да станат подостапни за бизнис секторот и да се отстранат сите административни бариери со кои се соочуваат бизнисмените при водењето на својот бизнис.

Претставници на Регистарот ќе ги посетат регионалните канцеларии во Тетово, Куманово, Битола, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Прилеп, Скопје и Охрид. Граѓаните ќе имаат можност да се информираат за прашањата поврзани со трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, регистарот на годишни сметки, услугите поврзани со залог, лизинг и сите останати услуги што ги нуди Централниот регистар.

– Со отворените денови ја активираме праксата за директен контакт со корисниците на нашите услуги. Централниот регистар секојдневно е отворен за потребите на граѓаните, но со овие поети на членови на врвното раководство на нашите регионални канцеларии, сакаме да ставиме уште поголем акцент на прашањата и проблемите со кои бизнис секторот, а особено микро и малите бизниси се соочуваат во нивното работење, рече директорот на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски на денешната прес-конференција.

Според Бошковска, граѓаните се задоволни од работата на Централниот регистар што е потврдено и со резултатите од годинашното мерење на задоволството на корисниците од услугите на Регистарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...