|
|
|
Димитров: Имаме историска шанса да станеме природни сојузници со ГрцијаИмаме историска шанса со мудра политика базирана на разбирање на соседот, да станеме природни сојузници, му рече денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров на новоименуваниот амбасадор на Хеленската Република во земјава, Димитрис Јанакакис.
Јанакакис на Димтиров му ги ги предаде копиите на акредитивните писма за неговото именување за амбасадор во земјава, по подигнувањето на нивото на Канцеларијата за врски во Амбасада на 31 мај 2019 година.
Согласно Преспанскиот договор, шефот на дипломатијата, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази очекување дека отворената поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија ќе продолжи и во оваа фаза од процесот, имајќи го предвид заедничкиот бенефит.
Димитров изрази и увереност во натамошно продлабочување, збогатување и интензивирање на односите меѓу двете земји. Го запозна соговорникот со постигнатите реформи и перспективите на евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија во контекст на очекувањата за добивање позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври.
На средбата се разговараше и за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за развој на севкупната соработка во различни области со цел интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|