Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

Премиерот Зоран Заев денеска во Кривичниот суд се соочи со Илија Петрушевски, кој е обвинет за кривично дело насилство во Собранието на 27 април 2017 година.



Заев во сдуницата кажа дека за време на насилствата во законодавниот дом стравувал дека ќе го загуби животот.

– Очекував во секоја секунда да го изгубам животот. Чувствував страв, животот ми беше загрозен. Имав чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал, дека ќе ми заврши животот, рече Заев.

Сепак, по извинувањето од Петрушевски, Заев кажа дека нема да бара отштета, а од судот побара да го има предив социјалниот аспект, како и сите околности и да донесе правична одлука за она што се случило.

Премиерот во изјавата за медиумите по сведочењето истакна дека очекува правичен систем што ќе води сметка со санкцијата да се испрати порака никогаш повеќе да се не повтората дела како што беше насилството на 27 април.

– Очекувам социјалниот аспект и судот да го има во предвид, јас не побарав никаква штета ниту надомест на штета од страна на обвинетите лица во овој случај. Секако одмереноста на крајот останува на судот. За мене е многу значајно судот да дели правда имајќи ги сите овие аспекти предвид и верувам дека и граѓаните тоа го очекуваат. Нема да го вратиме ние времето. Секако ако би можеле да го вратиме тогаш најголемата добивка ќе биде да не се повтори делото односно да не го направи некој тоа. Но, имајќи предвид дека нема да го вратиме времето, можеби ние ќе останеме со нашите лузни, но да внимаваме на тоа, на децата да не оставаме лузни, заради тоа што се работи на родители на деца, изјави Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...