Јане Велковски денес се сретна со Заев и Филипче

Единаесетгодишниот Јане Велковски, кој е меѓу седумте лица со спинална мускулна атрофија (СМА) за кои државата го обезбеди лекот „Спинраза“, денеска беше во Владата и се сретна со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче. „Спинраза“ е најсовремена терапија во светот за лекување на СМА и Јане веќе прими две терапии од лекот кој, како што информираа неговите родители, дава одлични резултати за запирање на прогресијата на болеста.



На средбата на која присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче и родителите на Јане, премиерот му кажа на момчето дека државата покажала дека сè се може ако се сака и дека мора да се наоѓаат начини за помош на децата и младите за да видат дека таа се грижи и им помага да останат и тука да ја градат својата иднина.

Јане Велковски минатиот месец беше говорник на Глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, по повод Светскиот ден на детето, каде како претставник на децата од нашата земја упати порака дека сите се еднакви и треба така и да го живеат животот – без бариери и ограничувања.

Владината прес-служба во соопштението за неговата средба со Заев информира дека Јане и денеска ја искористи можноста како вистински мотивациски говорник да порача дека е среќен што се лекува во својата земја и задоволен дека не се исполнил предлогот на неговите родители да се иселат од земјава во потрага по лекот за неговата болест.



– Денеска можеме да заклучиме, како да сме на седница на Влада, заедно со Јане и министерот за здравство дека донесовме одлука дека нема повеќе заминување од нашата земја, дека секогаш ќе изнаоѓаме начини да помагаме на државно ниво, рече премиерот Заев.

Министерот Филипче посочи дека се прават големи напори за изнаоѓање решенија за достапност на сите помагала, како и пристапни рампи за лицата во инвалидски колички, и дека сите пациенти ја имаат потребната терапија со оригинални лекови со сертификат за квалитет.

– Во спонтана и пријателска атмосфера, младиот Јане на премиерот Заев му подари топка, на која се испишани целите на „УНИЦЕФ“ и заедно со министерот Филипче разговараа за неговите впечатоци од учеството на самитот на УНИЦЕФ во Њујорк и средбите со славни личности. На премиерот Заев и министерот Филипче им подари и врамени фотографии од тие официјални средби со посвета, соопшти владината прес-служба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...