Обвинувањата на ММА за учество во пиратство се неточни и тенденциозни, тврдат операторите

Со целосна одговорност тврдиме дека сите програми што се дел од пакетите на операторите се согласно со домашната и меѓународната регулатива за реемитување на програми, истакнува Здружението на информатичко-комуникациски технологии, во реакција на денешната прес-конференција на Македонската медиумска асоцијација.



Од Здружението истакнуваат дека ги осудуваат најостро, како што велат, неоснованите обвинувања искажани од страна на членките на ММА – Сител, Телма, Канал 5, Алфа и Алсат-М и најавуваат содветни судски постапки.

– Сите инсинуации за учество на операторите во „пиратство“ ги отфрламе како неточни, паушални и тенденциозни, за ваквите тврдења нашите членки ќе поведат соодветни судски постапки. Сите договори за реемитување со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава, наведува Здружението.

Барањето на петте телевизии, стои во реакцијата, со закон да се наметне ограничување за странските канали за да можат да се реемитуаат во земјава значи директно кршење на Директивата за реемитување и Директивата за „телевизија без граници“ и претставува обид за вовед во цензура. Ваквиот јавно изкажан став на ММА јасно укажува дека мотивите и крајната цел за ваквото брзо носење на измените на ЗААВМУ било токму притисокот со ваквиот закон да се намали бројот на ТВ канали кои ќе се реемитуваат во земјава.

Во однос на авторските права, Здружението оценува дека тие се веќе регулирани со Законот за авторски и сродни права и со Кривичниот законик. Оттука, оценуваат, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, не само што не ја регулираат оваа проблематика, туку и дополнително ја усложнуваат, бидејќи создаваат правно неиздржани преседани. Операторите работат согласно со сите закони и согласно директивите во ЕУ, а веќе посочивме дека ваквите измени се спротивни на директивите. За ова имаме и мислење од Европската комисија која укажува дека вакво законско решение не постои во ниту една земја членка на ЕУ.

– Повторуваме дека последните измени на ЗААВМУ, усвоени по скратена постапка и непосредно пред распуштањето на Собранието, се донесени на нетранспарентен начини кој намерно оневозможи јавна дебата за сериозните и штетни последиците од нив и ги игнорираше сите укажувања на Здружението на ИКТ за нивната неприменливост и дека ќе ги принудат да го прекинат реемитувањето на сите ТВ канали, освен јавниот сервис, стои во реакцијата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...