Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, сопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски.



Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.

Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.

Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот. Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.

Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.

Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...