Османи: Ги охрабрувам верниците да не одат во џамија

Вицепремиерот и главен координатор на кризните штабови за спречување на ширењето на вирусот Ковид -19, во пресрет на најавеното отворање на џамиите од утре, ги охрабрува верниците да не одат во џамија се додека не се стабилизира состојбата со вирусот Ковид -19.

-Немаме начин да ги затвориме џамиите. Не постои уставна и законска можност државата да затвори објекти. Тука е прашање на соработка, на договор помеѓу институциите. Јас ќе ги охрабрам луѓето да не одат, затоа што додека не сме сигурни дека состојбата е толку подобрена да може да влезе во таа втора фаза, рече Османи, при гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на ТВ 24 Османи.

Тој истакна дека одлуката за отворање на верските храмови требало да се донесе координирано, а не поединечно.

Не се координирале, појасни, ниту за настанот со литијата во Струга, ниту за отворањето на џамиите.

– Јас бев известен од страна на ИВЗ откако тие ја донесоа одлуката. Ја добив пораката после полноќ дека е донесена одлука за отворање на џамиите. Во текот на наредниот ден имав целодневен разговор со поглаварот на ИВЗ и кога видов дека нема начин да се измести таа одлука, тогаш проценив дека е најважно сега да соработуваме, бидејќи најлошо е доколку се лутиме ќе почнеме да си кажеме еден на друг нешто и секој ќе си тера по своето. Одлуката е донесена и сега да видиме што можеме да спасиме. Според нив, не може да се смени одлуката, освен ќе го цитирам поглаварот кој рече: „Доколку се влоши состојбата, може евентуално да седнат“, рече Османи.

Порача да не се настапува ривалски, затоа што, потенцираше, од тоа ќе изгубат сите.

-Мене тоа ми беше и целта за посетата на Струга и намерно на состанокот го повикав и отец Васил којшто е надлежен за Струга и муфтијата од Струга, бидејќи тоа што најмногу ме исплаши е доколку почне такво ривалство помеѓу заедниците, но и одредено ривалство кој што го гледам меѓу тие што сакаат да одат во верските објекти и тие што не сакаат. Со тоа ќе губат сите, ќе губат и верниците. Прво, не смееме да дозволиме таква поларизација и тука мислам дека постигнавме едно разбирање помеѓу сите дека тоа не смее да се случи и затоа јас кога видов мала асиметрична реакција кон верските заедници во смисла на напади, оти пропусти имаше секаде. Пропусти имаше и меѓу здравствените работници на одредени места, имаше и во бизнисите, и во верските заедници, рече Османи.

Лично смета дека во наредниот период ќе има зголемен број заразени и поради тоа повикува на внимателност.

Очекува утре на седница на Влада да се донесе одлука за олеснување на мерките, но за одредени сегменти кои се помалку ризични.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца другари, едниот стар ловџија, другиот тазе, одат на лов. Влегуваат тие во шумата и стариот ловџија му вика на новајлијата:
- Седи сега ти во грмушкава и глас да не си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс,...
1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на...
1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски...
1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски...