Нови 19 случаи, 16 оздравени и четири починати од Ковид-19

Во изминатите 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19, од направени 512 тестирања, со што бројот на активни случаи во моментов во земјата изнесува 381. Оздравени се 16 пациенти, а починати се четири лица, информира денеска Министерството за здравство.



Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.

Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 647, активни 145

• Куманово – 418, активни 22

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-38, активни 4

• Прилеп –203, активни 59

• Тетово – 151, активни 63

• Струга – 71, активни 5

• Велес – 126, активни 53

• Битола –27, активни 8

• Охрид –21, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –21, активни 4

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 1

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 3

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

• Свети Николе-1, активни 1

Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -115. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...