Нови 23 потврдени случаи на КОВИД-19, еден починат и 9 оздравени


Нови 23 случаи на КОВИД-19 се потврдени во текот на изминатото деноноќие со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1.921. Институтот за јавно здравје регистрира и едно починато лице и девет оздравени пациенти.



Починатиот е 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања кој вчера со симптоми на вирусот бил примен во ГОБ „8 Септември“, а денеска е потврдено дека бил позитивен.

Најголем број од новозаболените се од Скопје -12, по што следуваат Куманово и Тетово со 4, Прилеп – 2, и Неготино еден пациент.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања од кои 365 се во рамки на скринингот.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се оздравени 1.387 пациенти, а починати 112. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 422.

Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 685, активни 178

• Куманово – 423, активни 27

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-38, активни 3

• Прилеп –206, активни 56

• Тетово – 165, активни 76

• Струга – 71, активни 4

• Велес – 127, активни 49

• Битола –28, активни 9

• Охрид –21, активни 6

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –21, активни 4

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 3, активни 1

• Крива Паланка- 6, активни 1

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 0

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 3, активни 1

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

• Свети Николе-1, активни 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...