Нови 88 случаи со Ковид-19, починати тројца пациенти

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.



Починати се тројца пациенти, од кои двајца на возраст од 43 и 72 години во ГОБ „8 Септември“ и една пациентка на возраст од 76 години во Клиничката болница во Штип. Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.878, активни 1.788

• Куманово 862, активни 194

• Дебар 151, активни 89

• Штип 457, активни 178

• Прилеп 301, активни 64

• Тетово 871, активни 292

• Струга 330, активни 171

• Велес 203, активни 33

• Битола 71, активни 28

• Охрид 227, активни 135

• Кавадарци 26, активни 18

• Гостивар 230, активни 144

• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 8, активни 4

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 77, активни 13

• Пробиштип 37, активни 24

• Демир Хисар 8, активни 7

• Македонски Брод 8, активни 4

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6,

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1,

• Кратово 7, активни 4

• Свети Николе 118, активни 111

• Кичево 81, активни 69

• Ресен 137, активни 77

• Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, МАНУ -97, Клиника „Жан Митрев“ –110, Систина со PCR метода -140, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум пациенти, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...