Се засилуваат контролите за спроведување на мерките за заштита од Ковид

Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените јасно може да се заклучи дека главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

Од следните денови ќе ги засилиме и контролите за спроведување на мерките и протоколите, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Очигледно, посочи министерот, дека граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците што ги сносиме сите од нивното непочитување.

– Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период што досега го имавме полека завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје, но и здравствениот систем. И повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат критичните ризичните групи на граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот, а видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој еден од нас. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме и контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила, рече Филипче.

Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките, појасни, интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се разбере многу сериозно.

– Апсолутно е недозволиво покрај сите најави за ризиците што ги носи овој период сериозен дел од граѓаните и понатаму да не ги почитуваат и да ги прекршуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите, пред се од угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки, додаде Филипче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...