Жан Митрев: Бидејќи ситуацијата е сериозна, јас и мојот тим се ставаме на располагање да помогнеме

Академик д-р Жан Митрев вели дека синоќа од медиумите разбрал за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучи и приватните здравствени институции во справувањето со епидемијата предизвикана од Ковид-19.



– Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање. Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата. Во меѓувреме, ситуацијата со бројот на ковид-пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува, вели академик Митрев.

Тој потенцира дека работат со полн капацитет и оти персоналот им е веќе преморен, а дел и во изолација.

– Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти, кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети. Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и целиот свој тим се ставаме на располагање да помогнеме со нашето знаење и искуство, кое го имаме од третирање на најтешките форми на инфекциите од Ковид-19, вели академик д-р Митрев.

Тој додава дека околу разработка на дополнителни детали стојат на располагање и очекуваат понатамошни насоки од надлежните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...