Британскиот сој на коронавирусот детектиран во болницата „Жан Митрев“

Министерството за здравство соопшти дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во јануари, во приватна лабораторија за генетика и персонализирана медицина на Клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2.

Станува збор за 46 – годишен маж, кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од Институтот за јавно здравје, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради зголемена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница „Жан Митрев“ каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти, ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата „Жан Митрев“ со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата што ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...