Трета доза за имунокомпромитираните пациенти, за останатите граѓани се чека официјална препорака

Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората доза, за да започне вакцинацијата со третата – бустер доза. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти. Официјалните препораки се уште ги очекуваме за сите граѓани, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.



Најнапред со анализите и студиите, посочи Филипче, е компанијата „Фајзер“, со која имале состанок и им укажале дека е голема веројатноста, дека тие ќе препорачаат трета, односно бустер доза за сите граѓани, по шест месеци од примената ревакцина.

– Нашиот комитет за имунзација ги чека, токму официјалните препораки за и ние тој дел, исто така, го препорачаме. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти, тие кои се на хронична дијализа,меѓутоа треба да помине да помине временски период од шест месеци. Луѓето може да се пријават, изјави Филипче.

Прашан дали пациентите со хронична дијализа треба да се вакцинираат со истата вакцина, Филипче, посочи дека единствено, кое што, сега укажува на тоа дека е потребна бустер доза и дека не се прави разлика, која е првата вакцина е компанијата „Фајзер“.

– Тоа значи дека таа вакцина може да се користи, како бустер доза, без разлика кои се првите две примени вакцини, изјави Филипче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...