Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ

Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговарала амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени.

-Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски. Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју. Во изјавата на Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во Кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во Кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат, истакна Милошоски.

Според него, со ова, како што го нарече, најистакнатиот експонент на власта, направил јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ, која ја слуша волјата на народот и е против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели.

-Со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ. Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за амнестија во Министерството за правда и Владата има различни позиции, изјави Милошоски.

Според него, агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели.

-Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени. Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниту еден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс, изјави Милошоски.

Тој додаде дека партијата преживеала многу поголеми турбуленции од овие сега, бидејќи, како што посочи идејата и принципите на партијата се посилни од која било личност, актуелна или поранешна, која зазема или заземала висока партиска функција.

За измените на Кривичниот, според Милошоски се разговарало уште пред осум месеци, кога била воспоставена комуникацијата со Будимпешта и во преговорите, како што тврди тој, биле вклучени високи претставници на СДСМ и еден министер од редовите на ДУИ.

-Имаме сериозни индиции и документација за преговорите кои претставниците на СДСМ и ДУИ ги имале со поранешниот премиер во Будимпешта и писмена документација тука во Македонија, изјави Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1547.- Умре шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој...
1804.- Наполеон Бонапарта за францускиот цар...
1805.- Во битката кај Астерлиц, позната како...
1814.- Умре францускиот писател Донасјен Алфонс...