Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Заменик омбудсманот на Северна Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите.



Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.

-Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.

Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.

-Од нашето практично работење, можам да кажам дека не е само случајот Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино. Станува збор за дузина случаи со коишто ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман, а притоа нивната состојба или останува иста или се влошува, за жал, додаде Андоновски.

Андоновски посочи дека на семејството на Леонид им е даден правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепена комисија и очекува дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното барање.

-Ние стапивме во контакт со семејството на Леонид, им дадовме правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепената комисија и навистина очекувам дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното очекување и барање, додаде Андоновски.

Претходно првостепената комисија на ФЗОРСМ го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Црногорецот му раскажува на внукот како на времето храбро се бореле со Турците.
- "Ми ка соколови низ Цетиње, а Турци ка пизде за нама"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република...
1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар...
1685.- Умре англискиот писател Томас Отвеј, чии...
1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих...