Не смееме однапред да предвидуваме како ќе одлучи Уставниот суд и добро е што ќе има јавна расправа за Законот за употреба на јазиците на која што ќе може, не само подносителите, туку и критичарите да ги кажат своите ставови, вели претседателката Гордана Сиљновска Давкова, нагасувајќи дека во овој состав на Уставниот суд има четворица доктори на науки, тројца професори и дека е еден состав што умее да измери и оти очекува да ги има в предвид сите прашања.

Прашана за „пријателското мислење“ на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, Сиљановска Давкова, вели дека не го прочитала, но дека верува дека нема да излезе надвор од мислењето кое веќе го има дадено.
-Ако мислите на она што во правото се мисли на „пријателско мислење“, што е испратено до Уставниот суд, не. Тоа мислење не сум ги прочитала, мислам дека не е ниту објавено. Но, сум го прочитала мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, мислам дури и сум дебатирала за него и го знам тоа мислење. Верувам дека Венецијанската комисија нема да излезе надвор од тоа мислење, изјави Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарски прашања, по Свечената акадамија во МАНУ по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Венецијанската комисија, посочи Сиљановска Давкова, се разбира ќе има и свој претставник овде кога ќе се расправа за Законот за употреба на јазиците.
-Не смееме однапред да предвидуваме како ќе одлучи Уставниот суд, од истите причини како и за редовното судство. Уставниот суд не е дел од редовното судство, ние го нарекуваме четврта власт, но може да има клучна улога во демократските процеси. Зошто? За да биде органот кој што ќе гледа дали спрегите и кочниците меѓу трите власти функционираат како што треба, бидејќи тој одлучува за судир на надлежности, но исто така, ќе ги оценува законите и другите општи акти, изјави Сиљановска Давкова.
Уставниот суд, како и редовното судство, нагласи Сиљановска Давкова треба да го оставиме на мир и дека не смееме однапред да носиме заклучоци.
-Мислам дека во овој состав на Уставниот суд има четворица доктори на науки, тројца професори, и дека е еден состав што умее да измери и мислам дека однапред не смееме да носиме заклучоци. Се разбира Уставниот суд до што ќе се држи. Ќе се држи до Уставот, исто така, ќе се држи и до компаративната европска практика, изјави Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова, меѓу другото, посчи дека во Европа не постои, односно „аки комунитерот“ не се однесува и на јазичната политика, бидејќи не постојат такви правила и различен е односот на држвите кон почитувањето на нормите.
- Два документи тука се клучни. Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата и Конвенцијата за регионални и малцински јазици. Се разбира Уставниот суд ќе се држи и до другите мислења на Венецијанската комисија, изјави Сиљановска Давкова.
Во однос на тоа дека најавата на претседателот на Уставниот суд дека одлуката ќе се носи по локалните избори некои од партиите го интерпретираат како „координирање меѓу политиката и Уставниот суд“, Сињановска Давкова, рече дека тоа го гледа обратно.
-Ако добро го разбрав, тој сака да ја избегне опасноста од политизација на прашањето, што ќе се случи, а редовно се случува пред сите избори. Впрочем кај нас и многу тешко е да определите за какви избори се работи. Затоа сака да ги остави локалните избори да протечат на мир, значи во политички манир нема пострасен момент од изборите, а потоа по завршувањето да можат тие на мир да решат. Не е непознато да има расправа, а потоа да се носи одлука. Мислам дека ќе ги мерат сите критериуми, па и специфичните, изјави Сиљановска Давкова.