Македонците од Гора со безусловни барања до косовските власти и ОН

Скопје, 13 март (МИА) - Во пресрет на решавањето на конечниот статус на Косово, Македонците од областа Гора бараат од косовските власти и од Обединетите нации да бидат признати како македонска етничка заедница со културна автономија, службена употреба и настава на македонски јазик, внесување во Уставот на Косово и најмалку тројца пратеници во косовското Собрание.

Гораните ќе го прифатат статусот на Косово, но безусловно бараат и посебни општини Гора и Речане, граничниот премин Стрезимир-Рестелица да биде меѓународен и со 24-часовен режим на движење, право на влез во Македонија со лична карта, отворање редовни автобуски линии, двојно - македонско и косовско државјанство.

Претседавачот на Меѓународната конференција за Гораните Исмаил Бојда денеска на прес-конференција рече дека Гораните ги отфрлаат притисоците за деноминирање во бошњачка етничка заедница, зашто над 13.000 Горани се декларирале како Македонци по потекло и од 2002 година имаат македонско држвјанство.

- Го отфрламе секој обид за геноцид на Македонците во областа Гора и апелираме до меѓународната заедница да им помогне да не ја доживеат судбината на етничко чистење и егзодус, рече Бојда. Тој додаде дека Гораните зборуваат македонски јазик, ги негуваат македонските обичаи, а дека нивното негирање произлегува од нивната различна, муслиманска вероисповед.

Според него, геноцид е оневозможеноста на Гораните да се едуцираат на својот мајчин јазик и чувствува дека служат само како „монета за поткусурување“ во политичките интереси.

Барањата на Гораните во Косово ги поддржува и Светскиот македонски конгрес. Претседалот на СМК Тодор Петров изјави дека од македонската Влада очекува ултимативно да побара од косовските власти и од Марти Ахтисари, меѓународниот посредник за решавање на статусот на Косово, да ги исполнат барањата на Меѓународната конференција за Гораните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...