Петтиот „Танц-фест“ од 7. до 16 април, „Менада“ за 2009 за примабалерината Ирена Ветерова

Скопје, 25 март (МИА) - Културниот центар „Интерарт“ денеска на прес-конференција ја објави програмата на петтиот „Танц-фест“ кој годинава под мотото „Чудесниот свет на танцот“ ќе се одржува од 7-ми до 16 април и ќе има осум содржини.

- Пред пет години Танц-фест почна ентузијастички, но со изборот на програмата направивме репрезент на танцовата уметност во Македонија, кој ги презентира врвните светски танцови тенденции, истакна Рисима Рисимкин од „Интерарт“. Таа посочи дека годинава Танц-фестот е поддржан од Министерството за култура, а ја истакна и соработката со Амбасадата на Холандија во Скопје. Холандската амбасадорка Симоне Филипини на прес-конференцијата рече дека танцот е прогласен за силен извозен производ во Холандија.

„Танц-фест“ ќе биде отворен со шведски танцов-филм, што е новина во досегашните фестивалски изданија. На 8 април со проектот „Таленти во движење“ ќе гостува танцовата академија од Ротердам, кој има 75-годишна традиција. По повод 60 години постоење на националниот Балет,  на 9 април ќе биде одржана вечер посветена на македонското кореографско творештво и на две одделни изведби ќе се претстават МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Културниот центар „Интерарт“, организаторот на Танц-фестот.

На 10 април ќе гостува Балетот од Косово со танцовиот проект  „Перформанс“, а на 11 април „Танц-фест“ ќе гостува во Битола, каде што ќе биде прикажан шведскиот танцов филм.

Во двата последни фестивалски термина, 14-ти и 16 април, ќе гостува 60-член ансамбл на Државната опера и балет на Турција од Истанбул, кој ќе ги изведе „Градина на розите“ и „Дамата со камелии“. Локации на „Танц-фест“ се Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар и Музејот на современа уметност.

Советот на Танц-фест, со кој претседава академик Цветан Грозданов, едногласно одлучил годинашната награда „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот за 2009 година да и биде доделена на примабалерината Ирена Ветерова, која својата успешна кариера ја гради  во Македонија и во странство. За својот мал јубилеј, „Танц-фест“ на затворањето ќе додели и специјална награда. За јубилејот на фестивалот академискиот сликар Сергеј Андреевски изработи и едиција од десет графики со мотиви од танцот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...