Почна конзервација на дел од тетовското кале

Тетово, 10 јули (МИА) - Директорите на Управа за заштита на културното наследство и на Националниот конзерваторски центар, Паско Кузман и Бехиџудин Шехапи денеска го означија почетокот на конзервацијата и реставрацијата на трпезаријата од летниот конак на Абдул Рахман паша на археолошкиот локалитет „Балтепе“ на тетовското кале.

- Крајната цел е овој монументален објект од 18 век да биде конзервиран, заштитен, реставриран, а на некои места и реконструиран, со што градот ќе добие уште еден монумент кој ќе привлекува туристи, рече Кузман.

Директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехиџудин Шехапи рече дека тврдината, која е од 18 век, ја сочинуваат повеќе објекти, сарај, трпезарија, касарна, конак, стражарница, затвор, подземен тунел, главно со војничка намена.

Конзервацијата и реставрацијата ќе чини околу 18 милиони денари, а работите предвидено е да завршат за шест месеци и истите ќе се адаптираат во музејски изложбен простор. По завршувањето на конзерваторските работи, кои ги врши „Бибај-компани“ од Тетово, кон крајот на годинава или идната ќе продолжат археолошките истражувања.

Археолошките и конзерваторските зафати се дел од проектот на Министерството за култура за истражување на локалитетот. Активностите почнаа лани, а ќе траат до 2012 година. Во ланските археолошки истражувања покрај стручни лица од државата учествуваа и експерти од Косово и од Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...