Договорена соработка меѓу Прилеп и Русе, Бугарија

Прилеп, 20 октомври (МИА) - Општина Прилеп договори соработка од областа на културата со општината Русе од Република Бугарија. Ова е договорено викендов на еднодневната работна посета на прилепската делегација предводена од градоначалникот Марјан Ристески на Русе на покана од неговиот бугарски колега Божидар Иотов.

Според шефот на кабинетот на прилепскиот градоначалник Ане Лашкоска, претставниците од општина Прилеп ја посетија регионалната депонија во општина Русе, прочистителната станица и претпријатието задолжено за гасификација на Русе.

- Делегацијата од Прилеп го посети и Секторот за евроинтеграции во бугарската општина, кога беше договорено и пренесување на искуства помеѓу двете општини, вели Лашкоска.

Договорено е отпочнување на соработка во областа на културата меѓу двете општини и тоа за Прилепскиот карневал, за Фестивалот на гајди и за Фестивалот на пивото,  бидејќи вакви манифестации се оддржуваат и во двете општини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...