Промовирано истражувањето „Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови“

Скопје, 7 декември (МИА) - Најзастапена заедничка тема на најчитаните блогери во Македонија е политиката, како и теми поврзани со локалните настани во државата, беше истакнато на денешната промоција на истражувањето „Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови“, спороведено од Кире Василев, Ирена Цветковиќ, Александар Ковачевски и Александар Митров.

- Во истражувањето кое го работевме три месеци употребивме квантитативни и квалитативни методи, а вклучивме и две студии на случаи, рече Ирена Цветковиќ.

Во анализата е посочено дека блогерите лесно се провоцираат и најчесто не користат аргументи и ставови, туку напади врз основа на национална, етничка, религиска и сексуална основа.

Според истражувачите појавата на блоговите како нови медиуми ја отвори и можноста за нивна употреба од страна на политичките партии. Но факт е, како што стои во анализата,  дека блог активностите на политичките субјекти се сведени на нивно онлајн претставување, но не и онлајн комуникација, што е и главниот заклучок по однос на употребата на блоговите од страна на политичките партии.

- Ние не сме песимисти иако имаме сериозни критики во однос на водењето на дијалог на македонската блогосфера. Тоа не значи дека сметаме оти македонските блогосфера и виртуелните дебатите се некорисни. Ние сметаме дека тоа е едно од најпродуктивните нешта што му се случило на македонското општество имајќи предвид дека дебатерскиот и критичкиот дух многу малку се развива во нашиот образовен процес, нагласи Цветковиќ. 

Таа на присутните им ги посочи препораките во однос на водењето на демократски дијалог во општеството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...