Уметникот Јанко Константинов му подари 108 дела на музејот во Битола

Битола, 25 декември (МИА) -  Ликовниот уметник и архитект Јанко Константинов денеска на Националната установа „Завод и Музеј“-Битола и подари 108 оригинални ликовни дела-акварели.

- Овој подарок е за мојот роден град Битола. Сликав уште од гимназиски денови, почнав со уметникот Штрала, а продолжив со познатиот руски сликар Иван Велников. Работев фрески и икони за црквата „Св. Богородица“ во Битола. Подоцна работев акварел кој ми остана главна преокупација, изјави ликовниот уметник и архитект Константинов на денешната свеченост во Битола.

Тој е автор на архитектонското решение на новиот храм „Сите Македонски Светители“ што се гради во Нова Битола, како и на повеќе други архитектонски решенија за објекти во Македонија.

- Сум работел во многу битолски цркви, а со посебно задоволство го донирав проектот за еден од најголемите храмови на Балканот, црквата „Сите Македонски светители“. Освен во Македонија, творев и изложував и во Данска, Шведска, Србија, Канада и други држави, додаде Константинов.

Според директорот на музејот Зоран Николовски, со оваа донација зголемен е бројот на приватни донатори, а со самото тоа и довербата кон оваа институција. Тој најави изложба со дел од 108-те акварели потпишани од ликовниот уметник и архитект Јанко Константинов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...