Не може да се добие азил на економска основа

Куманово, 9 март (МИА) - Жителите од Липково не можат да добијат азил на економска основа, ниту пак вработување и сместување во Белгија, беше пораката што на градоначалникот на Липково Садула Дураку, денеска му ја пренесе државниот секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле.

Тој дојде во Липково за да се увери каква е економската состојба во овој регион во државата и апелираше до надлежните институции преку разни проекти да вложат во економскиот развој на овие села.

Ватле изрази жалење што луѓето биле жртви на манипулација и што биле изложени на дополнителни трошоци  за патување, а сепак ќе мора да се вратат во матичната држава, затоа што во Белгија не може да ги остварат социјалните права.

- Морам да бидам јасен. Не постојат можности за добивање азил на база на економски причини, нема опција за такво нешто. Ние дојдовме овде да видиме каква е економската ситуација и ќе кажам дека не е едноставна. Имаме проекти, имаме визија и можности и тоа мора да му биде јасно на населението овде. И доколку сакаат да дојдат во Белгија, да заработат или да купат куќи би станале жртви, затоа што ќе мора да бидат вратени назад. Ќе инвестираат пари без да имаат никакви придобивки. Затоа треба да бидат фокусирани на инвестирање тука, бидејќи тоа е најдобриот пат до економски развој, рече Ватле.

Процесот на визната либерализација, како што рече тој, не е доведен во прашање како резултат на добрата соработка помеѓу македонската и белгиската влада и навремената реакција околу проблемот со азилантите.

На средбата во Липково присуствуваа и вицепремиерот за имплементација на Охридскиот рамковен договор Абдулаќим Адеми и министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...