Македонија утре го презема претседавањето со Комитетот на министри

Скопје, 10 мај 2010 (МИА) - Република Македонија утре го презема претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Претседавањето што се одвива по ротирачки редослед Македонија го наследува од Швајцарија, а по шест месеци ќе и го предаде на Турција.

Официјалното преземањето на претседавањето ќе се случи за време на 120. сесија на Комитетот на министри на СЕ, во седиштето на оваа меѓународна организација во Стразбур. Преземањето на претседателството е осма точка на дневниот ред на седницата.

Како што е предвидено, министерката за надворешни работи на досегашниот претседавач Швајцарија Мишлен Калми Реј ќе ги информира министрите на земјите - членки на СЕ за реализираните активности во изминатите шест месеци, а потоа за приоритетите на Македонското претседателство 2010 ќе зборува шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. По преземањето на претседателството, предвидено е прес-конференција да одржат генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, министерката за надворешни работи на Швајцарија Мишлен Калми Реј и министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски.

Комитетот на министри ги прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање со Комитетот.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд изјави дека именувањето на Македонија било разјаснето уште за време на неговата посета на Скопје.

- Тоа беше разјаснето кога бев во Скопје. Тогаш министерот за надворешни Милошоски ме информираше дека се обврзува да го преземе претседателствувањето со Комитетот на министри како „Македонско претседателство“. Ја примив забелешката, но во исто време го известив дека кога организацијата во целина или на пример кога јас ќе и се обраќам на земјата ќе морам да го користам името договорено со резолуцијата од ОН, изјави Јагланд.


Секретаријатот на Комитетот документот со приоритетите го дистрибуира до останатите 46 земји-членки и во согласност со утврдената практика во меѓународните организации од членството на Република Македонија во ОН до денес, тој беше пропратен со покривна страница на која стои забелешка со привременото име на државата во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993 година. Во содржината на документот кој го содржи официјалното лого и именувањето на оваа функција во СЕ како: „Македонско претседавање 2010“, не се направени никакви измени.

Документот дополнително носи и соодветна ознака својствена на сите службени документи на Комитетот на министрите - ЦМ/Инф (2010) 19.

Официјалното лого под кое Република Македонија ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа е стилизирано македонско знаме со логото на Советот на Европа, проследено со текстот на англиски јазик „Македонско претседателство 2010“, придружено од десната страна со официјалното лого на Комитетот на министри на СЕ.

Македонија како и сите претседавачи со Комитетот на министри на СЕ е обврзана да обезбедува логичен континуитет на активностите на оваа најстара политичка организација во Европа што поставува стандарди во областа на заштитата на човековите права, во владеењето на правото и демократијата.

Приоритети на македонското претседавање се зајакнување на заштитата на човековите права, негување на интеграцијата со почитување на разликите и поактивно вклучување на младите во политичкиот и демократскиот развој на земјите од ЈИЕ. За време на претседавањето Македонија ќе организира повеќе настани, а првиот од нив е состанокот на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на СЕ што ќе се одржи на 20 и 21 мај во Скопје.

Македонските приоритети се засноваат на целите што Советот на Европа се обврза да ги реализира на 3. Самит во Варшава во 2005 година, од приоритетите на Организацијата во 2010 што ја рефлектираат политичката и економска состојба во Европа, како и од нашите национални приоритети и надградување на некои македонски поранешни меѓународни активности.

Планирано е да се одржат конференции посветени на теми за борбата против корупцијата, придонесот на земјите-членки кон реформата на Европскиот суд за човекови права преку зголемување на ефикасноста на судството и едукацијата на судиите на национално ниво, интегрираноста на националните малцинства во европските општества, конференција посветена на актуелните проблеми на Ромите, заштитата на културното наследство и религиозната димензија на меѓу културниот дијалог, како и поактивното вклучување на младите во политичкиот и демократски развој на земјите од ЈИЕ.

Претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа, Македонија ќе го заврши во ноември. Успешното претседавање со СЕ, велат во македонското МНР, ќе значи потврда за тоа дека Македонија е конструктивна и одговорна членка на меѓународната заедница која го промовира добрососедството, придонесува за европскиот развој на нашиот регион и го заслужува членството во ЕУ и во НАТО.

Советот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација основана на 5 мај 1949 година од десет земји. Основната задача на СЕ е создавање обединета Европа врз принципите на слободата и демократијата базирани на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и други документи.

Членки на Советот на Европа се 47 земји, а нејзиното седиште е во Стразбур, Франција.

Комитетот на министри е извршно тело на Советот на Европа, во чии рамки функционираат и Парламентарното собрание (ПАСЕ), Европскиот суд за човекови права, Конгресот на регионалните и локалните власти, Конференцијата на меѓународните невладини организации. Во Советот на Европа како независно тело функционира Комесар за човекови права, задолжен за промоција на едукацијата, зголемување на свеста и почитувањето на човековите права во земјите-членки и почитување на документите на СЕ. Прв човек на Советот на Европа е генералниот секретар, кој се избира на секои пет години. 

Во 1955 година Советот на Европа го избра Европското знаме за свој симбол. Дванаесет златни ѕвезди се поставени на сина позадина. Ова знаме во 1986 година беше прифатено од Европската заедница сега Европска Унија. Во 1972 година СЕ избра и своја химна, музички аранжман од Херберт вон Карајан на прелудиумот на Одата на радоста од Бетовеновата девета симфонија.

Иако СЕ и ЕУ имаат исто знаме и химна, нивната улога, функција и цели се сосема различни. Советот на Европа е меѓувладина организација со 47 земји-членки. Нејзина задача пред се е заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...