Македонското претседателство можност за промоција на земјата

Скопје, 10 мај 2010 (МИА) - Утрешното преземање на претседателствувањето со Советот на Европа, за Република Македонија  е исклучително значаен настан во надворешната политика оваа година и можност за промоција, остварување одредени стратегии, но и унапредување на имиџот на земјата, смета премиерот Никола Груевски.

- Претседателствувањето со Советот на Европа е добра шанса за Македонија, за промоција за остварување на одредени стратегии и цели кои се поврзани со претседателството. Се надевам и цврсто верувам дека ќе имаме одлично претседателство, дека ќе оставиме одличен впечаток и ќе бидеме пример за сите понатаму кои ќе претседателствуваат со оваа институција. Настанот ќе биде искористен и за подобрување на имиџот на Република Македонија, изјави премиерот Груевски по денешното поставување камен темелник на тениски игралишта во општина Ѓорче Петров.

Тој додаде дека темите ќе бидат фокусирани на човековите права улогата и учеството на младите во политичкиот и демократскиот живот.

- Ќе бидат организирани голем број конференции, тркалезни маси и други настани кои треба да дадат придонес во реализацијата на идеите, рече македонскиот премиер.

Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека изјавата на министерот Антонио Милошовски оти може да се случи Македонија да не добие датум за почеток на преговори за членство во Унијата за време на шпанското претседателство, не значи дека Македонија се оддалечува од решение за спорот за името, кое се наметна како услов за членство во Унијата.

Република Македонија утре го презема претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Претседавањето што се одвива по ротирачки редослед Македонија го наследува од Швајцарија, а по шест месеци ќе и го предаде на Турција.

Официјалното преземањето на претседавањето ќе се случи за време на 120. сесија на Комитетот на министри на СЕ, во седиштето на оваа меѓународна организација во Стразбур. Преземањето на претседателството е осма точка на дневниот ред на седницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...