Македонија претседава со Комитетот на министри на СЕ

Стразбур, 11 мај 2010 (МИА) – Република Македонија денеска го презема претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Претседавањето што се одвива по ротирачки редослед Македонија го презема од Швајцарија, а во ноември ќе и го предаде на Турција. Официјалното преземање ќе се случи за време на одржувањето на 120. сесија на Комитетот во седиштето на оваа најстара Меѓународна организација во Стразбур.

Како што јави известувачот на МИА, предвидено е министерката за надворешни работи на досегашниот претседавач Швајцарија Мишлен Калми Реј да ги информира министрите и претставниците на земјите-членки на СЕ за реализираните активности во изминатите шест месеци, а потоа за приоритетите на Македонското претседателство 2010 ќе зборува шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Претседавањето и официјално ќе биде преземено кога Милошоски симболично ќе удри со чеканот – гавел.

Комитетот на министри го прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен минатата недела од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање. Документот беше пропратен со покривна страница на која стои забелешка со привременото име на државата во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993 година.

На денешната 120. сесија на Комитетот се очекува да присуствуваат 20-тина министри од земјите-членки на Советот на Еевропа, меѓу кои и Швеѓанецот Карл Билд, турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давитоглу, неговиот српски колега Вук Јеремиќ, како и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас.

Шефот на македонската дипломатија Милошоски синоќа во Стразбур приреди вечера за министрите за надворешни работи од балканскиот регион. Министрите за надворешни работи на Србија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора, Јеремиќ, Свен Алкалај и Милан Рокен, како и државниот секретар за политички прашања на Хрватска Давор Божиновиќ и Милошоски разговарале за интензивирање на регионалната соработка во рамките на активностите на Советот на Европа.

Во седиштето на Меѓународната организација во Стразбур денеска по повод Македонското претседателство 2010 ќе биде отворена изложба на фотографии на македонскиот уметник Роберт Јанкуловски насловена „Споделени храмови“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...