Република Македонија почна со претседавањето

Стразбур, 11 мај 2010 (МИА) – Македонија денеска го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Шестмесечното претседавање со извршното тело на најстарата паневропска организација, попладнево во Палатата на Европа во Стразбур формално му беше предадено на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски од досегашниот претседавач министерката за надворешни работи на Швајцарија Мишлен Калми Реј.

Комитетот на министри ги прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање со Комитетот. Документот беше пропратен со покривна страница на која стои забелешка со привременото име на државата во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993 година.

Министерот Милошоски на 120. сесија на Комитетот на министри на СЕ ги претстави приоритетите на Македонското претседателство 2010. Министрите присутни на денешната сесија го поздравија претседавањето од страна на Македонија и изразија надеж дека активностите ќе бидат успешно реализирани.

Република Македонија го презема претседавањето, што се одвива по ротирачки редослед, од Швајцарија, а во ноември ќе и го предаде на Турција.

Македонија е една од 47. членки на СЕ, а дел од оваа организација е од 9 ноември 1995 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...