Македонија очекува датум до јуни

Стразбур, 11 мај 2010 (МИА) - Република Македонија е целосно подготвена да ги почне пристапните преговори за членство во Европската унија. Имаме позитивен извештај и препорака од Европската комисија минатата година. Се надеваме дека до крајот на шпанското претседателство ќе биде одреден датум за почеток на преговорите по што би почнал едногодишен скрининг процес за време на претседавањето на Белгија и на Унгарија, а во текот на полското претседателство со ЕУ, во втората половина од наредната година, да го отвориме првото поглавје од преговорите.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Палатата на Европа во Стразбур на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и со шефицата на швајцарската дипломатија Мишлен Калми Реј по преземањето на претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. 

Советот на Европа, истакна Милошоски, со своите стандарди и вредности придонесува за зголемување на капацитетите на Македонија и на другите земји кандидати за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

На новинарско прашање за претседавањето со „Македонско претседателство 2010“, шефот на дипломатијата рече дека Македонија ја следи практиката на земјите-членки на Советот на Европа во однос на именувањето, посочувајќи дека Шпанија не претседаваше како Кралството Шпанија, туку како Шпанско претседателство, а таков беше случајот и со Словенија и со Швајцарија.

Македонија како нов претседавач ќе учествува во подготовката на преговорите меѓу СЕ и ЕУ за усогласување на политиката поврзана со почитувањето на човековите права. 

  - По усвојувањето на Лисабонскиот договор има историска шанса Советот на Европа и Европската унија да постигнат заедничка политика во однос на почитувањето на Конвенцијата за човекови права. Со тоа ќе се постави „заеднички чадор“ за човековите права на 800 милиони Европејци, додаде шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...