Средба Груевски - Гордон во Загреб

Скопје, 13 мај 2010 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски вечерва во Загреб оствари средба со помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азиј Филип Гордон. Средбата, како што соопшти владината прес-служба, поминала во пријателска и конструктивна атмосфера.

Двајцата соговорници, како што се наведува во соопштението, ги осудиле сите пројавни облици на екстремистички структури и заклучиле дека политичкиот процес треба да се заснова на демократски принципи, институционален и политички дијалог, како и доследно спроведување на владеењето на правото.

На средбата се разговарало за европската перспектива на Република Македонија и регионот, како и за стратешкото партнерство на Република Македонија и САД кое е од исклучително значење за развојот на взаемните односи и за самиот развој на Република Македонија.

Претседателот Груевски го информираше својот соговорник за реформите и модернизацијата, што Владата на Република Македонија ги спроведува во насока на достигнување на европските и евро-атлантските стандарди. Премиерот ја искажа и фокусираноста за доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и посветеноста за изнаоѓање на решение за прашањето за името.

На средбата станало збор и за економската состојба во Република Македонија и регионот, односно за предизвиците и перспективите на идниот економски развој.

Премиерот Груевски утре во Загреб ќе учествува на регионалната средба на шефови на влади на маргините на Годишното 19-то собрание на Европската банка за обнова и развој.

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Гордон денеска престојуваше во прва посета на Македонија, од стапувањето на функцијата во мај 2009 година. Гордон, придружуван од амбасадор Филип Рикер, се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов и со лидерите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Бранко Црвенковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...