Во Прилеп отворен Младинскиот информативен и советодавен Центар „Инфо-СЕГА“

Прилеп, 31 мај 2010 (МИА) -  Извршниот директор на Европската агенција за младинско информирање и советување „Ерика“ Давид Капеки, денеска во Прилеп свечено го отвори Младинскиот информативен и советодавен Центар „Инфо-СЕГА“.

- Центарот ќе нуди услуги и информации наменети за младите луѓе од областа на вработување и волонтирање, програми за размена на студенти, стипендии за едукација во Македонија и странство, информации за образовни, рекреативни, културни институции и установи, како и локални спортски и културни настани, изјави Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција „СЕГА“ со седиште во Прилеп.

Во „Инфо – СЕГА“ ќе се организирааат и обуки и едукации од областа на граѓанско образование, вработување и здравство, а на корисниците ќе им бидат овозможени директни, телефонски и онлајн советувања, картички со попуст за млади, бесплатен интернет и издавање на „Жолта книга“ за млади.

На свеченоста присуствуваа раководителот на Секторот за развој на младинска политика од Европскиот младински форум, Дражен Пулјиќ, директорот на Агенција за млади и спорт Диме Спасов, како и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Проектот „Инфо – СЕГА“ е финансиран и поддржан од Агенцијата за млади и спорт, општина Прилеп, програмата „ЦИВИЦА Мобилитас“ и Коалицијата „СЕГА“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...