Проектот „Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ ќе се спроведува во четири општини

Скопје, 16 јуни 2010 (МИА) - Градоначалниците на општините Дебар, Гостивар, Тетово и Чаир денеска потпишаа меморандум преку кој ќе го реализираат проектот „Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ што го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ и Здружението на граѓани „Заеднички вредности“.

Идејата, како што истакна Филип Стојановски од „Метаморфозис“, е да се овозможи поголема видливост над Комисиите за односи со заедниците и граѓаните, а општините да придеонесат за интеракција со граѓаните.

- Ќе се овозможи комуникација, односно извесување на граѓаните преку интернет, а ќе се организира и средби меѓу Комисиите и граѓаните, каде граѓаните ќе имаат можност да комуницираат со Комисиите и со општинската администрација и ќе создадат подобра слика за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, изјави Стојановски.

Целта на проектот, според Хајрие Ахмед од „Заеднички вредности“, е подобрување на меѓуетничките односи и јакнење не институциите на системот за зајакнување на демократијата во Македонија и забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

- Во конкретните цели на проектот спаѓа подобрување на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии, рече Ахмед.

Проектот „Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ е финансиран од Европската унија и од организациите што го спроведуваат  „Метаморфозис“ и „Заеднички вредности“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...