Скопскиот џез фестивал од 21 до 24 октомври

Скопје, 18 октомври 2010 (МИА) - Годинашниот 29-ти Скопски џез фестивал ќе се одржи од 21 до 24 октомври на три локации, во Универзална сала, Салонот на Македонската опера и балет и клубот „Хард-Рок“. Програмата на фестивалот ја сочинуваат 12 концерти.

Фестивалот ќе биде отворен на 21. во Универзална сала, со настапот на кубанскиот композитор и пијанист Омар Соса со еден од неговите проекти, квартетот Afreecanos. По него ќе настапи Марија Пиа де Вито од Италија со својот квартет. Истата вечер во клубот „Хард-Рок“ ќе настапи групата Wired Paradise на холандскиот саксофонист Јури Хонинг.

Втората вечер, во Универзална сала ќе настапи легендарниот гитаристот Лари Карлтон. Потоа концерт ќе одржи бразилскиот виртуоз Хамилтон де Холанда со неговиот квинтет. Во „Хард-Рок“ на полноќ ќе настапи една од најпознатите бразилски пејачки Паула Мореленбаум и ќе го претстави својот нов албум.

В сабота ќе настапи еден од водечките биг-бендови во Европа Flat Earth Society (FES) од Белгија, а потоа и американската пејачка Патриша Барбер. Во клубот „Хард-Рок“ вечерта ќе настапи перкусионистот и композитор од Чикаго Кахил Ел’ Забар со саксофонистот Ернест Доукинс, џез трубачот Кори Вилкис и пејачката Нона Хендрикс.

Последната вечер во Македонската опера и балет ќе настапат саксофонистот Тригве Сеим и Фроде Халтли на хармоника. По нив ќе се претстават и норвешкиот гитарист Терје Рипдал и Bergen Big Band со проектот „Crime Scine“. Фестивалот ќе заврши со концертот на џез триото Aronas од Англија.

Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета на денешната прес-конференција рече дека во изборот на гостите се воделе од повеќе критериуми, како финансии, од турнеите на музичарите и од постоењето авионска линија со Скопје.

- Гледаме прво да бидат музичари кои досега не настапувале во Скопје, да имаат актуелни проекти и да значат нешто на џез сцената. Овој фестивал сепак го има концептот да носи потврдени имиња на светската џез сцена, а не да открива нови таленти, рече Белопета.

Тој потсети дека покровители на фестивалот се Министерството за култура и Град Скопје, а ексклузивен спонзор е Македонски телеком.

Одговарајќи на новинарско прашање Белопета информира дека буџетот на фестивалот секоја година изнесува околу 200.000 евра. Од нив, 40 отсто се покриваат со средства од Министерството за култура и Град Скопје, 20 отсто се обезбедуваат од влезни билети и 40 отсто од комерцијални спонзори и донации.

Влезниците за 29-то издание на Скопскиот џез фестивал ќе можат да се набават во Југотон, Универзална сала и првпат преку интернет адресата www.karti.com.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...